АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Центарот за култура Битола беше промовиран вториот роман на Јасмина Атанасова, „Напластување“. Настанот го организираше издавачот – Центарот за култура, како дел од неговата годишна програма поддржана од Министерството за култура.
Атанасова истакна - „Овој роман го доживувам како огледало на човековото постоење – со сите слоеви на љубов, болка, прашања и копнежи. Ми претставува огромна чест што моето дело добива простор во една институција со значајно културно влијание, каков што е Центарот за култура.“
Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, ја отвори вечерта со зборови за значењето на поддршката на домашните автори: „Издавањето на дела како „Напластување“ е значаен чекор за нашата институција, бидејќи ги отвораме вратите за автори кои носат нова вредност во македонската книжевност. Преку вакви проекти, покажуваме дека културните институции имаат клучна улога во афирмирањето на домашната литература.“