АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фирмите на Никола Ковачевски, синот на екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој во моментов се бара од органите на прогонот и се верува дека е пребеган во странство, работеле турбо откако тој поднел оставка во април 2023 од челната функција на државните електрани, објави faktor.mk
Вчера се спроведе акција за криминал во ЕСМ, поточно во РЕК Битола и Рек Осломеј, во која еден од осомничените е Ковачевски. Полицијата трага по поранешниот прв човек на ЕСМ, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата.
Фирмата Елтек Доо увоз-извоз Скопје, во која самиот Васко Ковачевски има удел од 10 отсто, а неговиот син поседува 90 проценти, работи на проектирање и изградба на трафостаници, но и на фотоцентрали и хидроцентрали.Приходите во 2023 се зголемиле за 78 отсто. Забележаниот приход е 525.000 евра, а добивката е зголемена за 2099 отсто, односно изнесува 92,3 илјади евра.
Со слична дејност е и фирмата Елтек Градба Скопје, каде што Никола Ковачевски е единствен сопственик. Приходите се зголемиле за двојно повеќе минатата година и изнесуваат 569.000 евра. И добивката во 2023 бележи раст од 1.076 проценти, а заработката е 121.000 евра.
Бројот на вработени горе-доле останал ист. Синот Ковачевски ги поседува и фирмите Ембер Тим и Ембер Нетворк од секторот информации и комуникации, од кои едната има многу помали приходи, додека другата речиси никакви.
Фирмите на Ковачевски кои поседуваат лиценци за изведба, проектирање и надзор на градби од прва категорија за една година му донеле добивка поголема од 200.000 евра и приходи од околу 1,1 милион евра.
Извор https://faktor.mk/