2win800x200

„Марковски компани“ заработи негативна референца, а ЕСМ распиша нов тендер за ископ со омекнати услови!

Декември 18, 2024

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ објави повик за јавна набавка со скратени рокови, со цел да се ангажира нова компанија која ќе врши ископ во РЕК Битола откако беше раскинат  договорот со „Маркоски компани“, која нема да може да учествува на тековната тендерска постапка бидејќи заработила негативна референца.

– ЕСМ изминатиот петок објави нов јавен повик кој ќе биде со краток рок кој ќе трае 20 дена. „Марковски компани“ нема да може да учествува затоа што има негативна референца – изјави денеска генералниот директор на ЕСМ Лазо Узунчев, додавајќи дека засега нема информација дека „Марковски компани“ поднела жалба или отпочнала некаков друг акт против едностраното раскинување на договорот.

Според проверките што ги извршивме во Бирото за јавни набавки, во евиденцијата на компании со активна референца, која ги оневозможува во определен рок да учествуваат на тендерски постапки, се уште ја нема „Марковски компани“, објави Фокус.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани