2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Заев ги повика битолчани да се фокусираат на освојување на грчкиот пазар (фотогалерија од трибината во Жабени)

Септември 24, 2018

Многу малку е експлоатиран вториот дел од договорот со Грција кој ги отвора сите перспетиви на соработка со нашиот јужен сосед, рече премиерот Зоран Заев на трибината за економскиот просперитет на Македонија со членството во ЕУ и НАТО што во организација на Стопанската комора на Македонија се одржа во индустриската зона Жабени. Премиерот на средбата со стопанствениците од Пелагонискиот и Преспанскиот Регион рече дека договорот отвора многу можности во делот на економијата и трговијата, па бизнисмените ги повика да се подготват за освојување на грчкиот пазат.

„Со договорот се отвораат можности е за повластено користење на пристаништето во Солун за земји кои немаат сопствени пристаништа, до сите оние аспекти кои политиката и администрацијата на двете земји треба да ги овозможи во унапредување на севкупната соработка меѓу двете земји. Конечно, нема да имаме проблем при пласирањето на нашите производи ‘made in Macedonija’, тоа е решено, оставено е три годишен период каде грчките компании сами ќе одлучат дали во северниот регион ќе пишуваат ‘made in Greece’ или ‘made in Macedonija’, ова е дел на неексклузивност на производството од двете страни“, рече Заев.

42407526 307201620075575 8211803858783961088 n

42356078 462245364183133 6394889399582064640 n

Во период на комплетно ратификување на договорот од двете страни во следните пет години тој рече дека очекуваат дуплиеање на трговската размена со Грција.

„Даноците во Грција се три до четири пати поскапи од даноците во Македонија. Тоа ќе ги прави нашите производи покомпетитивни од слични или исти производи од Грција. Транспортот е ефтин бидејќи се соседни земји. Се отвораат големи можности, кои до сега не беа така отворени пред се од политички причини, а постоеше и одредена резевра во Грција кон нашето производство и можност за пенетрација на наши производи на грчките пазари. Договорот тоа ќе го тргне и ќе отвори сериозни перспективи. Јас на битолчани и на целиот овој регион топло им препорачувам да се фокусираат на сите подготовки на освојувањето на грчкиот пазар, тоа е голем, квалитетен пазар каде можеме да го унапредиме пласманот на нашите производи, па и трговијата со Грција“, додаде Заев.

Тој уште истакна дека до крајот на 2018 година ќе биде готова и железничката пруга за Грција, за што изрази надеж дека не само што ќе овозможи поевтин транспорт, туку ќе донесе и нови инвестиции во Жабени и регионот. Како друг крупен проект го спомна гасоводот на Битола, но рече дека градот ќе има уште еден начин на греење преку топлинската енергија.

„До 2019 година гасот ќе биде до Битола. Делот со гасификација ќе биде важен за Битола, оти ете јас можам да потврдам во Струмица колку тоа значи за намалување на севкупните трошоци на команиите посебно оние кои користат енергенси како нафта, струја и други, а важен е и еколошкиот сегмент. Од 2010 година година наваму просекот на штедење во јавните институции во општина Струмица е 63 проценти, а во команиите кои се поврзани на гасификацијата е 27 проценти. Битола ќе има две опции за загревање, а тоа преку топлинска енергија, а другото преку гасоводот“, рече Заев.

20180924 121023

20180924 11290420180924 112808

42385044 2048901865160234 8774656402346999808 n

42385060 1179132442262765 851379616055558144 n

42450939 913346895525832 1521488986332200960 n

42596861 2150768741906914 479916746552115200 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани