АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во 7 часот утрово, навремено се отворени сите гласачки места во Битола и пелагониските општини Новаци, Могила, Демир Хисар, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Според единствениот избирачки список во Општина Битола право на глас имаат 82 131 граѓани кои ќе гласаат на 170 избирачки места. Во Новаци право на глас имаат 2977 граѓани, во Могила 5 385 полнолетни граѓани, додека во Демир Хисар право на глас имаат 7090 гласачи.
Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.