АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повозрасната битолчанка М.И. денес наместо на гласање заврши на лекар откако се засопна на искршените скали кои водеа до гласачкото место во месната заедница „Вељко Влаховиќ“ на улица „Питу Гули“ во Битола.
Жената ја затекнавме претпладнево како доаѓа на гласње и додека се искачуваше на скалите, се засопна на дел од искршениот бетон и падна. Од падот ја повреди десната рака, а други битолчани кои во моментот излегуваа од гласање, нејзини соседи и помогнаа да стане. По ова наместо на гласање, со возилото ја однесоа на болница.
Скалите на ова гласачко место се оштетни и при мало невнимание може да дојде до пад. Иако во оваа месна заедница има три гласачки места и поголема фрекнвенција на гласачи, сепак, скалите не беа навреме поправени. На гласачите им останува добро да си ги отворат очите.