АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската писателка и поетеса Гордана Такец оваа сабота со почеток од 12 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола ќе го организира арт-уметничкиот литературен перформанс „Ако одам во Битола“ со што ќе го послави својот 70-ти роденден и половина век творештво. Во склоп на перформансот предвидено е и поетско читање од страна на триесетина поети од Македонија, а ќе бидат доделени и награди на десетина истакнати граѓани од државата од различни области на нивното делување.
Во рамки на манифестацијата „Ако одам во Битола“ во изминатите четири години биле наградени 300 лица со преку 400 награди и признанија.
„Одбележува 50 години творештво. Досега имам напишано 19 научни трудови од кои и денес на Универзитетот во Киев некои се изучуваат како предмети на отсекот за македонистика. Имам организирано шест самостојни изложби. Прв пат во 1974 година добив 4-то ноемвриска награда за аматерско сликарство... И така почна се. Имам напишано седум збирки поезија, учесник сум во шест коавторски публикации, напишав 21 роман“, вели Такец.
На манифестацијата во сабота ќе бидат промовирани уште два нејзини нови романи. Едниот од нив „Јас сум Такец“, автобиогравски роман, а другиот ја раскажува приказната за слепчанецот Славко, жива македонска легенда во уметноста, човекот титан, херој и борец.
Нејзиниот роман „Убавицата со жолта звезда на челото" преведен е на англиски јазик и успешно се пласира на книжевниот пазар во Израел. Голем бум предизвика нејзиниот прв роман „Креветот како триумф“ и ја освои наградата за Роман на годината во 2014 година во Марибор. Меѓу нејзините досега објавени прозни дела се најде и романот за Еврејката Луна, која е вистинска животна приказна за првата љубов на нејзиниот татко со девојката која за жал, завршила во логорот во Треблинка.