2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Државата ќе покрие половина од долговите на општините

Октомври 22, 2018

Денес Владата го усвои предлог законското решение со кој на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови. Министерот за финансии Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.

- Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството - рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање на долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.

- Преоптимистичкото планирање на приходите е една од причините поради кои општините креираа неизмирени обврски во претходните години. Со предлог измените на Законот се воведува ограничување при планирање на сопствените приходи на основниот буџет на општините, во смисла истите да може да се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. Во однос на истото се предвидени исклучоци само доколку општината има обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветна институција за реализација на проекти во општината - рече Тевдовски.

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу рече дека со ова законско решение, Владата решава проблем со кој се соочуваат скоро сите единици на локалната самоуправа во Македонија.

-Долговите кои постојат не само на општините, туку и на единките корисници основани од нив, како што се училиштата, детските градинки, и други институции се со наследена ситуација која со години не овозможува развој. Оваа ситуација ги афектира и руралните и урбаните општини. Ние како Влада, во интерес на граѓаните на Република Македонија, донесовме одлука да интервенираме финансиски и да ја затвориме оваа ситуација. Очекуваме дека со обезбедување на финансиската поддршка за општините, истите ќе подмират голем дел од нивните обврски, со што и директно ќе помогнат на економскиот развој и дека овие средства ќе бидат еден вид инјекција во стопанството, кон правни лица кои бле нивни добавувачи-рече Фазлиу.

Заклучно 30 септември годинава, електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени доспеани, а неплатени обврски,во износ од 18,817 милијарди денари. Ова е за 3,527 милијарди денари помалку во однос на обврските пријавени со пресечен датум 31 мај 2017 година. Намалувањето се должи на намалувањето на неплатените обврски кај буџетските корисници на национално ниво во износ од 3,6 милијарди денари во споредба со мај 2017 година, рече министерот за финансии.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани