2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отчет на градоначалничката Петровска: Проектите ги реализираме чекор по чекор, за некои најдовме решение, за некои треба време

Октомври 25, 2018

Една година по преземањето на локалната власт, денеска, градоначалниката Наташа Петровска, пред медиумите излезе со отчет за реализираните проекти и оние кои се во тек.

-Во оваа измината година се соочивме со многу предизвици, кои подразбираа чистење на наталожените проблеми од изминатите години-блокирани училишта, недоволен капацитет во градинките, лоша инфраструктура, спорт во колапс, енормна загаденост, демографски градот ни старее, а младите заминуваат и го напуштаат градот. Знаевме каде влегуваме со мојот тим, за дел од проблемите најдовме решение, но за некои треба време. Започнавме чекор по чекор, со јасна визија и со огромна поддршка на централната власт, рече Петровска на почеткот од своето обраќање.

Според книговотствената евиденција, при преземањето на функцијата, долгот на општина Битола бил 3 милиони и 320 илјади евра, но според пописот извршен од општинската комисија, општината имала доспеани и преземени обврски од 12,5 милиони евра и задолжување со долговорчен кредит од Светска банка од 155 милиони денари. Во овој момент доспаните обврски на општината се 50 милиони денари.

Покрај најавата за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, за кој во изминатиот период се безбедени потрбените дозволи за градба, Петровска рече дека во тек е подготовка за тендерската документација за гасификацијата на Битола, што на градот треба да му донесе намалаување на аерозагадувањето, а во таа насока е и одлуката граѓаните да бидат ослободени од плаќање влезници во НП „Пелистер“, како и субвенционирање на граѓаните кои ќе купуваат  печки на пелети и велосипеди. 

Што се однесува на инфраструктурата, Петровска ја посочи реконструкцијата на улицата „8ми Септември“, во износ од 31 милион денари, на дел од „Булевар 1 Ви Мај“ во износ од 3 милиони денари, потоа улицата „Кимент Охридски“ чија реконструкција е во тек, а издвоени се 11 милиони денари. За инфраструктурно уредување на битолската Касарна, од општинксиот Буџет се издвоени 35 милиони денари, со што до крајот на ноември целосно ќе биде завршена АРМ1 и поголем дел од АРМ2. За изградба на нова канализација, водоводна мрежа, резервоар и коловоз во село Лавци, потрошени се околу 20 милиони денари, а за колекторскиот систем на Пелистер, вкупно 6 милиони денари.

Околу 400 илјади денари се вложени за подобрување на условите во некои битолски училишта, а се пристапи кон решавање на проблемот со училишниот превоз

-Еден од најгорливите проблеми за нас беше образованието, со наследен долг од над 4.500.000 евра. Општина Битола со ребалансот на буџетот ќе издвои 2 милиони денари за да им ги рефундира парите на родителите за школскиот превоз. Ја дозавршивме изградбата и опремувањето на градинката во Кравари со две занимални, а обезбедивме креветчиња за една занимална во градинката Вангел Мајорот. Опремуваме и уште две нови занимални со креветчиња во вредност од 1 милион денари, рече градоначалничката Петровска, додавајќи дека Општина Битола во голема мерка го помага и спортот, за што се издвоени над 600 илјади евра,а додека за северната трибина на стадионот под Тумбе кафе годинава се издвојуваат 1 милион евра.

Битола го доби најголемиот ресурсен центар за слепи лица во соработка со МТСП, а во ОУ „Св. Климент Охридски“ работи единствен ресурсен центар во земјава за деца со оштетен вид. За прв пат, училиштата се снабдуваат до дидактички материјали и наставни помагала кои директно се ставаат во функција на наставниот процес. Пет училници во ОУ Коле Канински веќе имаат интерактивни табли.

Од областа на здравството, пет рурални амбуланти кои некогаш биле во функција, повторно се ставени во употреба во населените места Доленци, Цапари, Бач, Лопатица и Породин. Амбулантите се обновени, а медицински тим ќе врши основни прегледи за локалното население.

-Отворен е и Еко центарот на ЈП Комуналец, со цел унапредување на еколошкото образование, подигнување и развивање на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина. Работиме на неколку меѓународни проекти, меѓу кои Симбиоза и Кино култура, рече Петровска, напоменувајќи дека годинава Битолското културно лето се реализираше со транспарентно претставување на буџетот на сите учесници, кој оваа година изнесуваше 5 милиони  денари и е неколку кратно помал во споредба со буџетите потрошени за Битолското културно лето во претходниот период.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани