АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалниците на општините Битола, Тетово и Гевгелија, Наташа Петровска, Теута Арифи и Сашо Поцков ја оценија како многу важна финансиска поддршка на Владата на Република Македонија, за покривање на заостанатите долгови на општините. Градоначалниците сметаат дека се отвора фискален простор со кој општините ќе можат полесно да планираат и реализираат развојни проекти во интерес на граѓаните.
„Ќе се ослободи фискален простор со кој општината ќе може средствата понатаму да ги насочи во подобрување на услугите кон граѓаните. Со подмирувањето на дел од долговите од страна на Владата, конечно, во образовните институции ќе може да се вложува за нормални услови во воспитнообразовниот процес“, рече градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.
Министрите и градоначалниците дадоа поширок осврт за позитивните апсекти од новата мерка планирана во ребалансот на Буџетот за финансиска поддршка од 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови на општините односно 51% од пријавените обврски како и за заштитните механизми предвидени во Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа со кои ќе се воспостави ред во планирањето на општинските буџети.
„Граѓаните и стопанството ќе имаат бенефит од владината помош за отплаќање на дел од натрупаните, а неплатени обврски на локалната самоуправа. Граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат општинските услуги. Фирмите ќе може да наплатат дел од своите побарувања, со што ќе се зголеми ликвидноста на стопанството. Владата ќе активира и заштитни механизми, за да не се трупаат нови долгови“, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.