2win800x200

Битолчанецот Димитар Атанасовски млад европски амбасадор

Јуни 06, 2026

„Младиот европски амбасадор, Димитар Атанасовски, присуствуваше на настан со што се одбележуваше Светскиот ден на животна средина каде учествуваа и амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Микалкс Рокас, претставникот од УНДП, Армен Григоријан и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

 Messenger creation 53386B7E AE27 4890 B53F 3828BDE6E75E

Денот започна со посета и презентација на завршената работа на граничниот премин „Маркова нога“, каде се истакна важноста на проектот и значењето за регионот.

 

Вториот дел се состоеше од посета на Агрометеоролошка станица како дел од систем за рано предупредување и временска прогноза кој е корисен за заштита на растенијата.

 

Со третиот дел се заврши денот каде се презентираше за биодиверзитетот во Преспа. Тука се истакна уникатноста на тој регион во однос на флора и фауна и на кој начин стручните лица работат за да го заштитат природата таму.

 

Во Преспа се инвестира и се гради зелена, одржлива и европска иднина. #ЕУсоПреспа

 

Платформата на Млади европски амбасадори е креативна мрежа на идни млади активисти од западен Балкан кои доаѓаат од различни позадини, но имаат заедничка европска визија.“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани