
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шумарски експерти од Гетинген, од институцијата во која работел Аугуст Гризебах, во посета на Пелистер
Експерти од Хесен Форст - Државна шумарска служба од Хесен, Германија, Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија и Факултетот за шумарски науки Пејзажна архитектура и екоинженеринг - Ханс Ем“, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe на 05/07/2026 год, остварија посета на Националниот парк Пелистер. Посетата е во рамките на иницирање соработка помеѓу овие институции и Националниот парк Пелистер за зачувување на шумските генетски ресурси, идентификација на соодветни семенски насади и одржливо снабдување со шумски репродуктивен материјал од молика, македонска ела, дабови и други дрвни видови од Северна Македонија до Германија. Експертите од овие три институции ги посетија насадите од молика и македонска ела во Националниот парк Пелистер и заедно со претставниците од Националниот парк Пелистер разменија искуства за мерките за конзервација на шумските генетски ресурси, одгледувачките мерки и репродуктивниот материјал од овие дрвни видови во паркот. Се очекува соработката со овие институции од Германија да се инензивира при што Националниот парк Пелистер ќе биде партнер во идните активности за конзервација на шумските генетски ресурси и примената на одгледувачките мерки и можност за остварување на посета на претставниците од паркот во заштитените подрачја во Хесен, Германија и размена на искуства.
На крајот треба да се истакне дека експертите од Научно-истражувачкиот институт за шумарство од Гетинген, Германија доаѓаат од истата институција во која што претходно работел и германскиот ботаничар Аугуст Гризебах кој првпат ја открил моликата на Пелистер во 1839 година.
