АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Идната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, дури ни во еуфоријата и среќата од постигнатите резултати, ден по изборите, не ги заборави своите колеги од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Како во времето додека беше професор по математика во ова училиште, таа утринското понеделничко кафе го испи со колегите во училиштето.
Поради соработката и коректните односи кои ги градела со колективот низ годините, се собраа скоро сите професори колеги да и честитаат, па дури и други вработени во школото, служители, хигиеничари и друг песонал. Познавајќи ја со години, тие изразија доверба кон неа дека ќе успее од Битола да направи подобра општина за живеење.