2win800x200

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ промовиран во почесен доктор на науки на УКЛО

Ноември 22, 2018

На свечена церемонија, денеска, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола,  Сашо Коруновски, на црногорскиот министер за надворшени работи и редовен професор на Универзитетот во Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, му ја додели титулата почесен доктор на науки на УКЛО.

-Она што со професорот Дармановиќ го работевме во изминатиот период, беше да ги пронајдеме нашите заеднички точки на делување, нашите искустава, но и да проектираме дел од визиите за нашите универзитети и за нашите земји. Тој укажа дека Македонија и Црна Гора се пријателски земји, но не од вчера, ниту од денес, туку тоа е природно пријателство. Затоа сакаме од денес да имаме уште еден амбасадор на добра воља на нашиот Универзитет, на нашиот град, на нашата држава. Тоа е профсор кој исклучително го цениме и не случајно е на позицијата каде што е денес. Задоволството е големо затоа што тој ја прифати нашата покана, да биде дел од нашата академска зедница. Разговаравме за многу други идеи кои што ќе следат во иднина. Не е само доделувањето на титулата и признавање на досегашната негова работа, туку и за активностите што ќе следат. Разговараме за заеднички настапи на универзитетите во Црна Гора, но и како држави во рамките на Берлинскиот процес на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, рече проф. д-р сашо Коруновски, Ректор на УКЛО.

Дармановиќ рече дека му претставува чест што битолскиот Универзитет му ја додели оваа титула, посебно заради фактот што Македонија и Црна Гора се две пријателски земји, а УКЛО е значајна карика во македонскиот образовен систем.

-Морам да кажам дека ми е посебна чест и привилегија што сум прогласен за почесен доктор на Универзитетот „Св, Климент Охридски“ во Битола. Тоа е признание за кое човек чувствува задоволство и потврда за се што работел во животот. Во овој случај се работи за Универзитет од пријателска земја и Унивезитет со кој Црна Гора има соработка. Се работи за една од најпрестижните академски установи во Македонија, Универзитет кој е важна карика во образовниот систем во Македонија. Се надеваме дека заеднички ќе влеземе во многу други проекти, ќе ги обединиме своите енергии во барање на добри решенија за универзитетите, за науката, но и за општеството. Ние сме многу мали ако не делување заедно, посебно во науката, науката е универзална дејност и само обединети можеме да направиме големи работи, рече Дармановиќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани