2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЈП „Комуналец“ децата од мали нозе ќе ги учи да селектираат отпад и да се грижат за чиста околина

Ноември 23, 2018

Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Општина Битола, градинките и училиштата кај децата од мали нозе ќе гради навики за селектирање на отпадот. Претпријатието ќе распореди 70 канти со големина од 80 литри во градинките, 42 канти од 120 литри во основните и средните училишта, како и 29 контејнери со сина и жолта боја, едните за собирање на отпадната харија, а другата за отпадната пластика.

„Ќе разговараме со директорите за оперативниот план за промотивните активности на Еко центарот во воспитно-образовните институции. Ќе извршиме промоција преку видео презентации во градинките, основните и средните училишта од каде би сакале да црпиме искуства од учениците и наставниците, а сето тоа би било предмет на обработка и анализа и на крај би резултирало со трибина на повисоко ниво со претставници на локални и државни институции надлежни за тоа. Да направиме организиран систем на мерки и активности за да ја подигаме свеста“, рече Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.фг

Градоначалничката Наташа Петровска истакна дека општината секогаш ќе биде партнер во спроведувањето на проектите кои носат напредок во еколошката свест, особено кај помладата популација.

„Идејата е, на денешната средба со директорите на градинките и училиштата од градот, да се дефинираат активностите кои што следуваат, затоа што во второто полугодие ќе имаме интегриран систем на активности во кои што ќе бидат вклучени учениците, со цел од најрана возраст да стекнат навики околу подигнувањето на еколошката свест и култура. Ова треба да биде додадена вредност во процесот на образованието во образовните институции“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.вв

Активностите се дел од проектите „Стимулирање на учеството на граѓаните во процесите на рециклирање преку имплементација на бенефит системите” реализиран во соработка на ЈП „Комуналец“, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ и Општина Битола и проектот „Оперативен план за реализација на промотивни активности на Еко-центарот во образовните институции“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани