АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанецот Александар Лозановски ѝ предложи брак на својата девојка Софија Крстевска на видиковецот на Пелистер од каде како на дланка се гледа цела Битола. Фотографиите и куса вест за овој романтичен настан беа објавени на интернет страницата на Националниот парк Пелистер. Запросувањето беше навистина романтично. Според објавените фотогрфаии, скалите до видиковецот кој се наоѓа на Историската патека, беа послани со ливчиња од роза. Со исти такви ливчиња беше изцртано срце горе на видиковецот, поточно на местото каде Александар ја побара за жена Софија.