2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се истражува случајот со оштетените гранични камења, а на нивно место ќе се постават нови

Ноември 26, 2018

Во тек е постапка за расчистување на случајот со оштетувањето на граничните камења на македонско-грчката граница и нивно обновување, соопштија од Министерството за надворешни работи на РМ.

 

„Претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките Министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри. Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и пловни) и за предупредување, спречување и начин на испитување и решавање на граничните инциденти“, соопштија од МНР.

Инаку, од грчските медиуми соопштија дека грчката полиција започна истрага за да ги идентификува одговорните за повлекување на 105 гранични столбови на граничната линија меѓу Грција и Македонија. Столбовите се отстранети од нивните темели.

Некои од нив, пирамиди околу еден метар високи и некои помали цилиндри, наводно биле отстранети помеѓу четврток и петок, вдолж делот од 12 километри на границата меѓу селата Мезокампос и Ахлада во близина на градот на Лерин.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани