АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски, денеска на терен направи обиколка на откупните пунктови за тутун.
-Целта на оваа обиколка по откупни пукнтови беше да се види реалната состојба на самите пунктови како и тоа какво е расположението на производитрлите за самиот откуп. Ги посетивме Сокотаб со откупен центар во Битола и Драгожани, СЕКЕ во Горно Оризари и Мисиријан во Лисолај, информираше Илиевски.
На 19 ноември, започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во регионите на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше претходно Илиевски.
Планирани количини на тутун кои треба да се откупат се: 3364 тони.
Вкупно склучени договори со земјоделците се 3408, додека се издадени вкупно 2475 евидентни листови.
Од страна на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола издадено е решение за формирање на второстепена комисија која има обврска, доколку има потреба за дополнителна процена да ја изврши истата на предадените количини на тутун.