АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Триесетишестгодишниот Б.М. од битолското село Гермијан ги поместил и оштетил граничните камени меѓници меѓу Македонија и Грција и во полиција го признал делото, соопшти Министерсвото за внатрешни работи. Нема информација кои биле неговите мотиви за инцидентот.
Од МВР информираат дека настанот се случил на 23 ноември годинава во периодот од 14 до 20 часот, а по преземните мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело „оштетување туѓи предмети“ е Б.М. од село Гермијан, Битола, по што со него е извршен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Случајот го расчисти Регионалниот центар за гранични работи Југ, а во координација со Основното јавно обвинителство и по документирање на случајот против лицетот ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.
Претходно, од Министерството за надворешни работи на Македонија соопштија дека претставници на македонскиот дел на граничната Комисија заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри. Исто така од МНР информираа дека покрај постапката за расчистување на случајот, се работи и на обновување на оштетените гранични камења.
Инаку оштетени се гранични камења на граничната линија меѓу Македонија и Грција, во непосредна близина селата Кременица, Гермијан и Бач, а жителте од овие места пред неколку дена, за апла.мк, рекоа дека ниту слушнале, ниту виделе дека граничните меѓници се уништени и поместени, а не знаат ниту кој може тоа да го сторил.