АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски и Генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола, Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на Општина Новаци на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.
Финансиската помош се доделува за реализација на проектот „Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во село Бач“.
"Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во селото Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата.Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефективен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата"-истакнува градоначалникот Љубе Кузманоски.
Општина Новаци посветено работи на обезбедување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината.