АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од деветнаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст во Општина Новаци оваа година најсреќен беше Ице Марковски од селото Новаци кој за прв пат го фати светиот крст .
Традиционално со фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во селото Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.
Градоначалникот Љубе Кузманоски на Марковски му додели парична награда .
Општината обезбеди парични награди и за сите други верници кои го фатија светиот крст во сите четиринаесет населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
Градоначалникот Кузманоски уште присуствуваше на светиот чин на фрлање на крстот во с. Добромири и во с.Рибарци .
Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст им посака здравје , среќа и бериќет.