Webp.net gifmaker

Се чистат дивите депонии во Општина Новаци се поставуваат нови контејнери и канти за отпад

Јуни 05, 2021

 

По повод одбележувањето на 5 Јуни -Светскиот ден за заштита на животната средина, општина Новаци и ЈП Комунална Хигиена од Новаци спроведоа заедничка акција за чистење на дива депонија во с.Гнеотино и ги дистрибуираа првите канти и контејнери за организирано собирање на комунален отпад од домаќинствата во ова населено место кое претходно не беше опфатено со акцискиот план за организирано собирање на комунален отпад.
Можно е да е слика од надвор
 
ЈП Комунална Хигиена од Новаци ја проширува својата дејност за организирано собирање на комунален неопасен отпад од домаќинствата во уште 4 населени места во с. Гнеотино, с.Брод, с.Бач и с.Живојно. Обезбедени се канти и контејнери и веќе е започнат процесот на дистрибуција на истите.Со оваа активност се трудиме да ја подигнеме свеста кај граѓаните со цел правилно и рационално да манипулираат со отпадот со штоќе се намали создавањето на диви депонии на јавни површини.
Општина Новаци со цел да ги подобри комуналните услуги на граѓаните и да може комуналното претпријатие да ја проширува својата дејност и во други населени места, купи ново специјализирано комунално возило за собирање на комунален отпад.
Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои стојат, надвор и дрво
Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со ВД Директорот на комуналното претпријатие од на терен упатија апел и силна порака за подигнување на свеста за заштита на околината, еколошкиот начин на живеење како и поттикнувањето на носење мерки за заштита на животната средина.
"Почитувани сограѓани,
5 Јуни –Светскиот ден за заштита на животната средина е воспоставен во 1972 година од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации и се одбележува во над 100 земји ширум светот.
Одбележувајќи го овој ден упатуваме апел и силна порака за подигнување на свеста за заштита на околината, еколошкиот начин на живеење како и поттикнувањето на носење мерки за заштита.
Можно е да е слика од надвор
 
Сите ние треба конечно да се освестиме дека животната средина ни треба за живот и како што го почитуваме домашниот амбиент, одржуваме уредно и чисто така треба да се однесуваме и надвор од дома.И не само тоа, туку секој од нас треба максимално да се активира и да се залага за почиста животна средина.
Здравата животна средина е уставно загарантирана категорија.Секој човек има право на здрава животна средина.Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.
Како локална самоуправа со сите расположливи ресурси кои ги има Јавното комунално претпријатие Комунална Хигиена –Новаци се трудиме да придонесеме за поголема јавна чистота, повеќе исчистени, зелени и без ѓубре јавни површини и диви депонии.Ја прошируваме комуналната дејност за организирано собирање на комунален отпад од домаќинставата уште во 4 населени места во општина Новаци.
Сите заедно и институциите и граѓаните да се вклучиме во процесот на заштита и унапредување на животната средина и да ја направиме Општина Новаци да биде подобро и поубаво место за живеење за сите!"- истакна градоначалникот Кузманоски.
Можно е да е слика од надвор
 
Можно е да е слика од надвор
 
Можно е да е слика од надвор
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани