АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Марија и Томас Русенгрен од хумантирната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска, ја продолжуваат хуманитарната мисија во Македонија. Овој пат донираа 32 пара чизми од шведско производство како ХТЗ опрема за техничкиот персонал во Клиничката болница во Битола.
-Оваа донација е наменета за вработените од техничката служба и општиот сектор при Клиничка Болница Битола. Низ неформалниот разговор госпоѓата Марија ми кажа дека ова е специјална нарачка на ваков вид чизми и еден пар чини околу 350 евра. Голема донација од нивна страна, но уште поголемо е задоволство кај нашите вработени. Од нивно име, како и од името на менаџерскиот тим на Клиничка Болница -Битола сакам уште еднаш да им изразам голема благодарност за донацијата и знам дека заедно сме посилни и знам дека заедно ќе продолжиме со добрата соработка за успешната работа на Клиничка Болница-Битола, изјави Сузана Коневска, портпарол во Клиничка болница- Битола.
Шведската хуманитарна организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД е позната по многубројните донации во битолската Клиничка болница, но и во многу други институции и училишта кај нас.