АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изгребан и оштетен реквизит, кој истовремено претставува и главната ознака на „Кока кола активната зона“, денес е забележан во „Паркот на шампионите“, каде неодамна Скопска пивара донираше спортски реквизити за битолчани.
-Со цел, ваквата тенденција на уништување на спортските реквизити да запре, Општина Битола, денес побара од СВР Битола, да преземе соодветни дејствија, со цел пронаоѓање на сторителите на споменатите оштетувања, велат од Општина Битола.
Покрај ова поголемо оштетување, евидентирано е и на други реквизити, кои се дел од спортските реквизити во „Паркот на шампионите“.
-Општина Битола, верува дека, со ваквото свое делување ќе овозможи заштита од понатамошни вандалски однесувања чии последици се на штета на сите граѓани, а истовремено ќе се даде заеднички апел во насока на совесно однесување кон зачувување на општото добро. Токму затоа, треба да го чуваме се она што претставува инвестиција или донација, а е во функција на збогатување на секојдневието на сите граѓани, апелираат од Општина Битола.