АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Граѓанската иницијатива БИСТА од Битола изработи проект на соларна централа за производство на електрична енергија по ист принцип на работа како РЕК Битола, но како извор на топлина се користи сонцето, наместо јаглен. Според проектот соларно-термалната електрана е со капацитет од 40 MW/h
-Освен технологијата на фотоволтаична електрана има една уште посовршена и подобра технологија на концентрирана соларно-термална електрана која е иднината на овој начин на производство на електрична енергија. Електраната ја претвора сончевата енергија во термална енергија преку загревање на посебна смеса во огромен резервоар и создадената водена пареа ја движи турбината која произведува електрична енергија. Принципот на работа е ист како на РЕК Битола, само што како извор на топлина е сонцето наместо јагленот. Оваа технологија произведува струја 24 часа во денот, дури и продолжен период од неколку денови кога нема сонце, за разлика од фотоволтаичната која произведува само дури има сонце, а исто така има и многу поголема искористеност на сончевата радијација (околу 60-65%) за разлика од фотоволтаичната која има околу 15%, велат од тимот на БИСТА
Вакви електрани засега во Европа има само во Шпанија, а од БИСТА се надеваат дека Македонија ќе ја добие првата соларна централа во Западен Балкан. Според пресемтките на БИСТА оваа електрана од 40 мегавати на час, би ги задоволила потребите од електрична енергија за општините Битола, Новаци и Могила за 6 месеци во годината кога има сонце, односно половина од потребните 308 гигавати струја годишно за трите општини. Цената за изградба на ваква електрана би се движела од 35 до 40 милиони евра, повратна инвестиција,
-Сумата која државата ја фактурира и наплаќа од жителите на овие три општини за користење на електрична енергија на годишно ниво е 18 милиони евра без ДДВ. За период од 6 месеци се добива фактурирана сума од 9 милиони евра. Тоа значи, дека оваа инвестиција би се вратила од наплатата на фактурите за електрична енергија за период од 5-6 години, а после тој период ние би користеле бесплатна електрична енергија во летниот период додека не грее сонцето како обновлив извор на енергија, посочуваат од БИСТА.
Овој проект БИСТА го понудила на претходната владејачка гарнитура, но бил одбиен. Исто така, понуден е и на новата гарнитура веднаш после преземањето на власта, која сеуште го нема одбиено, но пропаднале неколкуте обиди за средба со луѓето кои одлучуваат
-Овој проект е наш скромен придонес за почиста животна средина и стоиме на располагање на секого кој ќе пројави интерес за понатамошна елаборација и презентација. Проектот ќе биде јавно промовиран на јавна трибина со сите релевантни страни кога ќе созрее моментот за тоа, посочуваат од БИСТА