АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница, попладневно променет е натписот на таблата при влез во државата, каде сега на англиски и македонски јазик е напишано Република Северна Македонија.
Одлуката дека треба да се променат таблите на граничните премини ја соопшти Владата, откако на сила стапи новото име по испратената Вербална нота од Атина.
Меѓусекторската работна група ја задолжи Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини и на двата аеродроми, а оваа процедура треба да заврши во рок од 3 дена.