АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани кусо се израдуваа со пролетните температури, а утрово Битола повторно осамна под снежна покривка. Сепак од УХМР најавуваат дека веќе попладнево облачноста ќе се намалува, а од утре, 24 февруари, времето ќе биде сончево со мала облачност и умерен североисточен ветер.
Температурата денеска во Битола ќе се движи од -3 до -5 степени, а утре дневната ќе се искачи еден степен над нулата, додека минималната ќе падне до -8 степени.
Од понеделник следува сатбилизација на времето и покачување на дневните температури кои ќе достигнат до 12 степени над нулата.
Инаку, од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни колозвози, а од 13 часот и 45 минути е укината забраната за тешки моторни возила на патниот правец Битола-Ресен преку Ѓавато.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.