2win800x200

За 8-ми Март, Здружението на пензионери од Битола донира 35 пакети постелнина за Интерното одделение во Клиничката болница

Март 07, 2019

По повод празникот 8-ми Март членови на Здружението на пензионери од Битола  донираа 35 пакети постелнини за коронарната единица при Интерното одделение во Клиничката болница Битола.

-Тука соработката нема да застане. Во разговор со менаџерскиот тим на болницата се отворија многу теми многу цели како да се помогне од нив за нив бидејќи поголемиот дел на пациенти во Интерното оддение  се пензионери,но и од наша страна има желба на секаков можен начин да ги олесниме прегледите на пензионерите. Голема благодарност до здружението на пензионери од Битола на претседателот Томе Димитровски, заменик претседателот госпоѓата Даница Петличкова претседателот на Собранието на ова здружение Крсте Велевски и Сотир Миленковски член на Извршниот одбор на Здружението на пензионери- Битола.Од името на менаџерскиот тим и од името на вработените на Клиничката болница од Битола  на сите пензионерки од нашиот град  им го честитаме престојниот празник на жената, вели Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница Битола.

DSC 0037

DSC 0041

DSC 0049

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани