2win800x200

ОУ „Св. Климент Охридски“ -Битола прати порака за поттикнување на волонтерството преку акцијата „Мурал“

Март 07, 2019

Креативност, инспиративност, имагинација и творештво, наспроти говор на омраза и деструктивно однесување кон објектите во кои се одвива воспитно – образовниот процес. Во оваа насока, учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, заедно со наставничката по ликовно образование Анкица Стевановска, пратија порака за поттикнување на волонтерството преку акцијата „Мурал“ спроведена од Советот за волонтерство на Општина Битола, заедно со МКЦ Битола, а со поддршка на Проектот за граѓанско учество на USAID North Macedonia.

kliment 4

Целта на проектот е да се инспирираат младите луѓе да креираат инспиративни цртежи на ѕидовите и да се спречи говорот на омраза. 

kliment 2

Реализацијата на овој проект, овозможува визуелна трансформација на училишниот ѕид, но и силна порака за сите ученици, родители, воспитно – образовниот кадар, како и случајните минувачи кои неможат да останат рамнодушни на впечатливоста на новата креација.

kliment 3

Овие активности се нов поттик и мотив повеќе за учениците да се насочат кон активности со кои ќе ја зачуваат средината во која се воспитуваат и образоваат, а истовремено креативно ќе делуваат во нејзиното збогатување.

kliii

Последната фотографија најдобро ја отсликува состојбата пред  спроведените активности.

kliment 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани