2win800x200

ЈП „ПАЗАРИ“ ГО ДОБИ ИДЕЈНИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОВОЛТАИЧЕН СИСТЕМ

Март 20, 2019

ЈП „Пазари“ од Битола го доби изработениот идеен проект за поставување на фотоволтажен систем, со што ќе може да започне постапката за поставување на фотоволтаични панели.

По донесената одлука од страна на Советот на Општина Битола, со која ЈП „Пазари“ ја проширува својата дејност, се изврши измена и дополнување на Статутот на претпријатието, со што за сопствени потреби ќе може да произведува струја.

„Панелите ќе бидат поставени на покривната конструкција на постоечките настрешници во Градскиот пазар, кои што служат за заштита на тезгите. На овој начин ќе се заштедат средства што сега ги плаќаме за потрошена електрична енергија, а ќе исполнеме дел од обврските кои што ги имаме во однос на препораките дадени од ЕУ“, рече директорот на ЈП „Пазари“ Владо Атанасовски.

ЈП „Пазари“ е првото битолско јавно претпријатие, кое за свои потреби ќе произведува електрична енергија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани