Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се жали дека е маргинализирана од мнозинството во Советот

Ноември 01, 2017

На расправата на втората сединца во Советот на општина Битола за формирање на комисисии, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се пожали дека е маргинализирана во составот на комисиите  кои за нив се значајни и бараат поголема застапеност. Од владеачкото мнозинсво велат дека испочитувана е пропорционалната застапеност на сите советнички групи во советот.

 

„За првпат во над 20 годишното функционирање на Советот на општина Битола, опозицијата е маргинализирана во дел од најзначајните комисии кои што постојано заседаваат и востановената пракса, која што претходно била и во 2013-та кога СДСМ немаа мнозинство во Советот и во 2009-та. Кога советничката група на СДСМ имаше уште помал број советници од сегашната група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Сега сме сведоци на една ситуација каде што во најважните комисии: комисијата за финансии и буџет, комисијата за јавни дејности и комисијата за јавни и комунални дејности, сме сведени само на еден претставник, што за нас е како искажување на сила од страна на мнозинството. Сепак ние како конструктивна опозициска група, нема да дозволиме да не бидеме дел од комисиите на овој состав на Советот, бидејќи зад нас стојат 17 илјади граѓани“, истакна координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Борче Димитровски.

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, посочи дека  испочитуван е  деловникот за работа

„Не постојат главни и помлаку главни комиии, сите 16 комисии на Советот се со поддеднакав важност. ВМРО-ДПМНЕ има 11 советници, согласно тоа има 28 членови во комисиите. „Поинаку“ има два советници и има 5 членови на комисиите, ДУИ има 1 советник со 3 членови во комисиите и коалицијата предводена од СДСМ има вкупно 47 членови во комисиите. Според таа пропорционална застапеност, сите се застапени со одреден број на членови во комисиите. Ние не можеме да дозволиме луѓето кои гласале за „Поинаку“ и ДУИ, да не бидат застапени во комисиите на Советот. Желбата на ВМРО-ДПМНЕ, да ги расчленуваат комисиите на главни и помалку главни и само тие да учествуваат, не може да се оствари , бидејќи е различна од волјата на граѓаните искажана на изборите. Во изминатиот состав на Советот, точно е дека СДСМ и колационите партнери имаше по 2 советници во секоја комисија, но ние тогаш имавме 14 советници и освен опозиција и позиција, немаше претставници на други советнички групи. “ , рече  Претседателот на Советот, Валентин Груевски.

Советниците денеска го изгласаа составот на 16 комисии. Од ВМРО-ДПМНЕ, изразија подготвеност да се откажат од местата во некои помалку значајни, за да добијат место во,  според нив,  важните комисии, но нивниот предлог беше одбиен.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани