2win800x200

Се предомисли Гордана Лозановска Стефановска (екс)претседател на ЛАГ-Пелагонија-Новаци, па испрати отворено писмо до јавноста

Април 12, 2019

Се предомисли Гордана Лозановска Стефановска  (екс)претседател на ЛАГ-Пелагонија-Новаци , па испрати отворено писмо до јавноста, откако денеска нашата редакција објави текст за состојбите во здружението со реакации на дел од членките.

Утрово Апла.мк ја контактираше по телефон Лозановска Стефановска, да побара и од неа мислење за реакциите на дел од членките за нејзината работа,  но таа кога го слушна новинарското прашање кусо одговори-„Ве молам ова не е тема за дискусија“, и љубезно ни посака добар ден.

 После неколку часа од објавувањето на текстот “Врие од незадоволство во ЛАГ-Пелагонија-Новаци, екс претседателот Гордана Лозановска Стефановска и Управниот одбор немаат легитимност да ја водат организацијата, обвинуваат дел од членките “, таа се реши да возврати.

Писмото е насловено како отворено и ви го пренесуваме во целост.

 

                                                                       Отворено писмо, 

Демант по објавена содржина на порталот Апла.мк  за цел навреда и клевета  

“Врие од незадоволство во ЛАГ-Пелагонија-Новаци, екс претседателот Гордана Лозановска Стефановска и Управниот одбор немаат легитимност да ја водат организацијата, обвинуваат дел од членките “

 

Со цел да наштети на моето достоинство и чесност, со навреда и клевета,  по скоро цело едно годишно заканување на дел од членките кои се претставници на иницијативниот одбор за промени: Ѓорѓи Јошевски, Петар Андонов, Светлана Петковска, Мендо Трајковски како носители на овој процес, денес  извршија јавно валкање на моето име.  

Сите изнесени коментари и забелешки се лаги и клевета  по што ја демантирам во целост оваа објава:

Горенаведените лица повеќе  од година  дена не работат за интересот на организацијата (и со ништо не придонеле кон обезбедување на активности и проекти) но имаат нивна лична потреба да раководат со организацијата чиј што  доказ е и овој објавен текст.

Во правни рамки согласно Статут на  Организацијата, еднаш на  секои 2 години  ЗРР ЛАГ Пелагонија, Новаци има Изборно Собрание , а кое последен пат  беше одржано на 31.05.2017 година, што значи мандатот на лицата кои се во органите на управување е легитимен ,  мандат заклучно со 31.05.2019 .

Собранието за 2019 , е во фаза на подготовка согласно донесената одлука на Управен одбор од 22.03.2019 година .

Лицата кои се дел од Иницијативниот одбор се дел од членки на Надзорен Одбор и Комисија за избор на проекти и согласно Статут не се вклучени во носењето одлуки на Управен одбор .

(на Изборното Собранието кое  се одржа на 31.05.2017 , сите членови беа согласни со својата улога за наредните 2 години, но тоа не траеше многу па се обидеа преку  неправно адекватен и не согласно Статут организиран, собир наречен Вонредно Собрание споменато во објавата да извршат добивање на превласт ).

Овој Собир поради тоа што не беше во согласност со Правилата во Статутот и немањето на кворум за работа,  донесените одлуки на Собранието каде самите извршија и прераспределба, по желба  на функција, истите Одлуки членовите на Иницијативниот одбор за промени не можеа да го спроведат во Централен Регистар како промена поради неговата незаконита постапка .

Но и потоа притисоците  продолжија, посебно на мене како Претседател со закани и омаловажувања но и на членовите на Управниот Одбор .

Спомнатата моја оставка во два наврати е актуелизирана и написмено доставена до Управниот Одбор и четворицата градоначалници со датуми од 23.05.2018 и  16.11 2018 .

На Управен одбор оставката и во двата наврати е неприфатена од членовите на Управен Одбор  и градоначалниците кои беа присутни на состанокот на 16.11.2019 , што значи дека легитимноста на мојата работа и работата на Управниот Одбор не е доведена во прашање, само потребата од Иницијативниот одбор за промени да дојде на власт.

На истиот состанок на Управен одбор  од 16.11.2019 на кој беа присутни и градоначалниците донесена беше и Одлука за назначување на нови лица кои ќе бидат претставници на организациите членки на ЛАГот  (истите членки организации само со нови претставници во случајот актуелниот Иницијативен одбор ) поради непочитување кон одредбите од Статутот член 22 став 1, 4, 5, 6, 7 и согласно член 24 став 4 и 5, која Одлука исто така не беше почитувана и на која беа повторно испратени истите лица како претставници, што повторно ја враќа ситуацијата  на истата почетна точка.

Во однос на  прашањето за финансиското работење , кое  иако во последната година беше скоро непостоечко, сите  трансфери и исплати се спроведени со Одлуки на Управен Одбор, се е со евидентирана документација, Договори и архивски примероци,  од денот на моето стапување на оваа функција.

Поради непостоење на доволно средства на сметката за ран детски Развој а воедно и престанок на проектните активности за претшколско воспитување во Општина Могила заостаната е единствено исплатата на 3.500 денари на две лица кои беа ангажирани како воспитувачки а за истото постои одлука на Управен Одбор дека штом ќе има прилив на средства истите ќе бидат исплатени, а Одлуката нема застареност за извршување .

Додека  лагата дека немаме завршна сметка е  надвор од разумот....

Во однос на Финансиите квартално, по потреба и почесто , со извештаи за реализација  и изводи се известуваат  членките на Управен Одбор и градоначалниците.  Без никакви забелешки се извршени увидите од сите Општини вклучени во работата на организацијата.

Во однос на партнерството со  МЗШВ  Локалната акциона група Пелагонија, Новаци има значајно место како партнер  и соработник  и во досегашните спроведени активности не постојат неразрешени ситуации и се се работи согласно Процедури и правилници, како и согласно Законот за рурален развој.

Градоначалниците се информирани за  состојбите во кои се наоѓа организацијата, како и редовно информирани за сите нови моменти од процесите кон кои стратешки треба да се посветиме како организација, да градиме партнерства и соработка, да се докажуваме колку сме соодветни за соработка со цел да помогнеме на руралните средини и нивните граѓани,  а не да се трудиме да негираме и поништиме се што е добро и правично.  Само добрите луѓе може да направат промени на добро...

Гордана  Лозановска  Стефановска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани