АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Иселеници од Будаково, Мусинци, Ерековци, Канатларци кои денес живеат во Република Турција, денеска заедно со жителите на Општина Могила и локалната самоуправа го реализираа проектот кој што го промовира соживотот „Хидрелез“.
Сите заедно ја посетија црквата во Долно Чалија и џамијата во Будаково, каде исто така се одржа централниот настан од овој проект, културно уметничка програма каде настапија играорци од Македонија и Турција.
-По вторпат сме домаќини и коорганизатори на овој настан заедно со Будаково и здруженито „Канаталарци и околните села“ од Република Турција. Целта на овој настан е да градиме соживот и мостови меѓу двата народа. Со овој настан потврдуваме дека Општина Могила е мултукултурна оптшина која ги поддржува различностите, изјави градоначалничката на Општиан Могила, Јасминка Гулевска.
Гостите од Турција изразија благодарност до домаќините за добрата органзиација на настанот и најавија дека во наредниот период почесто ќе има вакви дружења.
-Целата на нашето доаѓањев о Македонија е да го посетиме нашето родно место, каде имаме свои блиски пријатели и одлична мултиетничка соработка меѓу двете држави, без разлика на верската и етничката припаднст. Но, нема да останеме само на овој настан, во наредниот период ќе организраме уше многу вакви заедники дружења, изјави Џанер Чокчекер, претседател на турското здружение „Канатларци и околните села“.
Исто така, во чест на гостите од Турција во општинската сала во Могила беше отворена етнолошка изложба во организација на Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот„Илинден“ од Битола, каде се поставени експонати од покуќнина, инвентар и 27 комплети од носии од Македонија.