2win800x200

„Берба“ на љубичици во паркот кај Градскиот саат во Битола

Мај 14, 2019

Од рано наутро почнува „бербата“ на љубичици од алеите во паркот кај Градскиот саат во Битола, револтирано реагираат битолчани кои се сведоци на кражби на посаденото цвеќе на јавните  површини.

Така и утрово повозрасна битолчанка е фотографирана како го корни посаденото цвеќе на очиглед на минувачите.

Од ЈКП Комуналец –Битола велат дека кражбите на свеќиња и садници од јавните површини низ градот се секојдневни, па вработените се приморани на неколку дена да ги пополнуваат со нови и да ги  преуредуваат хортикултурно уредените површини.

Особено на удар се садниците кои за неколку дена или се крадат или се уништуваат, велат од ЈКП Комуналец.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани