2win800x200

Битола на чекор до прифатилиште за бездомни животни, вели Степановски, директорот на ЈП „Комуналец“

Ноември 08, 2023

По соодветно имплементираните законски процедури, Битола е на чекор до добивањето дозвола за работа на прифатилиштето за бездомни животни, која ќе овозможи отпочнување со работа на прифатилиштето во наредните месеци. 

 
Изработен е техничко-технолошкиот елаборат, во кој е даден целосниот опис на прифатилиштето, начинот на заловување на животните, приемот, прегледот и постапките со животните. Заедно со елаборатот се изработени и два дополнителни 2 елаборати, кои содржат Список на опрема за прифатилиштето и Персонал во прифатилиштето.. 
 
 
Во сама завршница е изготвувањето на соодветна систематизација на работните места во ЈП Комуналец, која е дадена на мислење. 
 
Подготвената документација, ќе биде испратена до Агенцијата за храна и ветеринарство, а по нивниот увид на терен, дозволата за работа ќе биде издадена во релативно краток рок. 
 
Успеавме во навистина краток врменски период да ја обезбедиме целата потребна документација, да го адаптираме и опремиме просторот во кој ќе се третираат заловените улични животни. 
прифатилиштето
 
По заловувањето, постојано ќе се контролира бројот на бездомни кучиња, ќе се регистрираат, фотографираат и ќе подлежат на тест за ресоцијализација. Исто така ќе има евиденција каде кучињата ќе бидат вратени на терен. Целата постапка ќе биде уредена согласно документите со кои ќе биде издадена лиценцата за работа на прифатилиштето за бездомни животни. 
 
Во процесот, неопходна е соработката со невладиниот сектор и здруженијата чија дејност е заштита на животните. Ги отвораме вратите за соработка со нив, со можности за нивно волонтирање и вработување и со една заедничка цел, квалитетно и соодветно третирање на бездомните животни. 
 
Со предвиден соодветен план за работа, во наредните три години, треба да се намали популацијата на кучиња скитници во градот, но граѓаните треба да знаат дека согласно законските прописи, не може да очекуваат трајно решение, со кое што веднаш со отворањето на прифатилиштето, сите животни ќе бидат отстранети од улица и дека таму ќе се одгледуваат. 
 
Затоа, како јавно претпријатие, апелираме дека одговорноста за животните мора да биде заедничка. Наша за бездомните животни, но на граѓаните за нивните домашни миленичиња. Само со системски пристап на третирање на животните и заедничка одговорност, сите заедно можеме да го направиме градот сигурно место, без напади од кучиња скитници, рече Горан Степановски директор на ЈП Комуналец. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани