АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средношколката Ивона Марковска-Нона (16) од Битола, денеска ја промовираше својата втора книга „Аурора“. Таа е ученичка во гимназијата „Јосип Броз Тито“ , а вели дека љубовта кон пишувањето ја има од најрана возраст.
-„Аурора“ е книга во која не само што си ја дадов душата, туку и срцето и самата себеси. Од многу мала имав желба за пишување, но мислам дека „Аурора“ е моето најголемо достигнување досега во пишувањето, бидејќи се вложив целосно. Инспирацијата ми беше секојдневието, животот, фантазијата, младите луѓе воопшто. Пораката на книгата е дека секој е херој на својата приказна и никој не треба да се фокусира да биде како некој друг. Напротив, тој е самиот херој на својата приказна, без разлика какви чекори прави. И доколку се тие грешни, сепак, ќе извлече некоја поука, вели младата авторка, Ивона Марковска
Издавач е издавачката куќа „Култура“ од каде велат дека станува збор за убаво четиво, пред се, поучно за младите.