АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Улицата „Леринска“ во Битола денеска беше целосно под вода откако при изведба на градежни работи изведувачи предизвикале штета на водоводната мрежа. ЈКП Водовод за кусо време усепа да ја нормализира состојбата.
-При изведба на градежни работи од страна на трети лица на улица Леринска број 47, предизвикан е дефект на водоводна линија PVC KM160. Екипите на ЈКП "Водовод" во рекордно време извршија санација на настанатиот дефект и е нормализирано водоснабдувањето во овој дел од градот.
ЈКП "Водовод" секогаш во служба на граѓаните, информираат од ЈКП Водовод Битола.