АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите од Општина Могила имаат можност сами да одлучат кои проект од областа на социјаланата инклузија им е приоритетен, а средствата од 50 илјади швајцарски франци ги обезбедува УНДП и Швајцарската развојна агенција.
Денеска се одржа првиот граѓански форум на кој присуствуваа претставаници на месните заедници од сите населени места, невладини организации, различни категории граѓани, млади луѓе. Форумот е дел од активностите кои се реализираат во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
-Општина Могила е една од деветте општини избрана за да го спроведува овој проект. Граѓаните а имаат активно учество во донесување приоритетна одлука кој проект ќе се реализра од областа на социјалната инклузија. На овој прв форум ќе се дискутира за проблемите и потребите на граѓаните, социјална заштита, еднакви можности, потрбите на младите и др, рече Јасмина Гулевсла, градоначалник на Могила
Форумите имаат за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните. Во рамките на проектот „Зајакнувањ на општинските совети“ се одржува и циклус обуки наменети за советниците.
-Општина Могила аплицираше и заедно со општините Кавадрци и Кочани го добивме овој проект. Советниците за негова реализаија посетуваат семинари. Се надевам дека со граѓаните ќе одбереме проект кој ќе биде во интерес на населението и заедно ќе донесеме одлука што ќе правиме со тие пари во иднина, рече Александар Јанкуловски, претседател на Совет на Општина Могила.
До крајот на јуни ќе се одржи втората форумска сесија на која ќе бидат претставени концептите за проектите, а од септември следат уште три форумски сесии, по што ќе се утврди кој проект ќе го реализра Општина Могила со 50 илјади швајцарски франци обезбедени од УНДП и Швајцарската развојна агенција.