АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ноќеска на полноќ државната мерна станица на периферијата на градот регистрираше високата загаденост што е невообичаено за овој период од годината.
Вредноста на часовната концентрација на ПМ 10 честичките точно на полноќ изнесуваше 481 мг/м3. И претходно, во текот на денот оваа мерна станица повремено регистрираше високи вредности, кои наизменично се намалуваа и повтроно се покачуваа. Така првото енормно зголемување на ПМ 10 честичките е забележано во 16 часот на 13 јуни, кога се регистрирани 253 мг/м3, 262 во 19 часот, по што вредностите се во опаѓање, а на полноќ загадувањето достигнува највисока вредност од 481 мг/м3
И платформата „Земи здив“ ја регистрираше оваа појава, а наведуваат неколку можни причини:
- локален загадувач во близина на мерната станица, бидејќи има одредено покачување после 17:00 часот, па ублажување и нагли пораст во 00:00 часот со достигнување на максимумот.
- пожар во близина на мерната станица кој може да предизвика нагло покачување на концентрациите.
- проблем со инструментите на мерната станица, бидејќи вакво нагло зголемување на вредноста точно во 00:00 часот може да биде сигнал за проверка и сервис на мерната станица. Слична ситуација имавме пред да се исклучи мерната станица Битола 2 од мрежата за мониторинг на воздухот на 18.03.2019 година.
Сепак, од палтформата „Земи здив“ потенцираат дека во текот на ноќта нивната мрежа на сензори, не регистрирала вакво нагло зголемување на концентрациите на ПМ10 честичките
„Битно е да се напомене дека максималниот домет на еден сензор е во дијаметар до 1 km. Моментално најблиските локации во кои имаме инсталирано наши сензори се Јени маале (оддалеченост од 2,1 km) и Баир (оддалеченост од 1,9 km) и од тие причини не можеме да добиеме квалитетни податоци за таа локација на станицата Битола 1. Заради тоа ни е потребна густа мрежа од сензори на целата територија на градот со која ќе биде покриена секоја локација која ќе биде предмет на анализа. Се надеваме дека наскоро ќе поставиме сензор во близина на мерната станица Битола 1 и ќе можеме да ги споредуваме податоците, навдуваат од „Земи здив“ и велат дека доколку имаше општо влошување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, ветерот ќе предизвикаше секундарни емисии во областите каде што има нивни сензори, а тоа е аргумент повеќе дека најверојатно станува збор за локален загадувач во близина на мерната станица Битола 1
По полноќ вредностите на ПМ10 честичките се во опаѓање, а од утрово во 6 часот се движат околу граничните вредности.