Во средното медицисинско уилиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, во првото пријавување што заврши денес, се пријавиле 253 деветтооделенци за вкупно 6 насоки, а примени се 142 ученика.
Најголем интересот бил за насоката медицински сестри каде се пополнети сите места. За оваа насока се пријавиле 102 ученици, сите со одличен успех, а примени се 68, односно ќе се формираат два класа.
Места има во останатите насоки - 34 во гинеколошко-акушерска сестра, каде годинава ќе се формира еден клас, во насоката фармацевтски техничар, 2 класа со 68 ученици, а по еден клас во насоките забен техничар, физиотерапевтски техничар и техничар за очна оптика.
Пријавувањето и запишувањето во средните училишта се врши во еден уписен рок со можност за три пријавувања. покрај ова кое заврши денеска, следното пријавување е на 24 и 25 јуни во училиштата каде има слободни места, а онаму каде нема да се пополни бројот и трето пријавување на 1 јули.