АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Досега се реализирани околу 60 проценти од делницата Неготино (Кавадарци) –Битола, која е дел од проектот за гасификација на Македонија.
-На овој ЛОТ2 од Неготино до Битола интензивно се работи во делот на гасификацијата. Согласно сите проекции во најбрз рок гасификацијата да биде донесена до Битола, така што останува Општината да ја направи секундарната и терцијарната работа, со што битолчани ќе се поврзат со гасоводот, рече Горан Суграевски, министер за транспорт и врски при денешаната посета на битолскиот регион.
Од Опшина Битола велат дека проектнат документација ќе биде завршена пред да стигне примарниот довод во Битола
-Општина Битола веќе избра проектант кој го работи идејното решение и идејниот проект за гасификацијата, така што кон крајот на есенва очекуваме дека проектната документација ќе биде завршена, за да можеме следната градежна сезона пред да дојде примарниот довод до градот, да бидеме подготвени со секундарните приклучоци, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Се очекува изградбата на секундарната мрежа да започне идната проле,а теренот веќе се подготвува за поставување цевки од магистралниот гасовод