2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наскоро ќе почне со работа јавното претпријатие за паркинзи

Јули 04, 2019

Јавното претпријатие за паркинзи ќе започне со работа веднаш по завршување на тендерските постапки за набавака на опрема, а во меѓувреме ќе течат и огласите за вработување. Се очекува до крајот на месецот да профункционира наплатата на градските паркинзи, а во овој вакуум период пркирањето низ Битола е бесплатно.

-Планирани се 40 до 45 вработувања кои ќе се одвиваат етапно, зона по зона, односно нема одеднаш сите да бидат вработени. Конкурсите ќе бидат објавени најбрзо што може, а во наредниот период ќе почне постапката за обележување на постоечките паркинг места, обнова на столбчињата кои се физичка бариера меѓу пешачките патеки и паркинг просторот, а ќе се објавата тендерите за набавка на опремата, односна набавка на софтвер и рампи. Јавното претпријатие ќе започне со работа, веднаш штом ќе завршат законските обврски за јавните набавки, тоа се некаде 15 до 20 дена, под услов да нема жалби од другите понудувачи, рече директорот на ЈП за паркинзи, Зоран Дојчиновски.

На денешната седница на Советот на Општина Битола беше донесена програмата за работа на ЈП за 2019 година, олуката за систематизација на работните места и актот за внатрешна организација на претпријатието, како и одлуката за вредноста на бодот за пресмека на плата на идните вработени во ова јавно претпријатие. Со нешто помлаку од 2000 паркинг места, Дојчиновски вели дека претпријатието ќе работи со самофинасирање.

-Битола е поделена на три зони, А, Б, Ц. Има вкупно 272 места во затворените паркинзи и 1678 места на отворените паркиралишта. Тоа е доволно за самоодржливост на јавното претпријатие. Јавното препријатие во наредниот период ќе ја преземе пајак службата во своја надлежност,а со нов ценовиник и нови услуги ќе работи во две смени. На следната седница ќе биде донесен ценовникот, направена е проектна докумнетација со анализа на цените, рече Дојчиновски.

Тој најави дека приоритет на јавното претпријатие ќе биде реконструкција на паркинг просторот кај „Јавор“, а пак за обнова на паркингот кај Спортската сала потребно е изработка на проектно решение, со кое ќе биде опфатено и паркирањето на автобусите

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани