Со европски пари ќе се уредува приодот кон античкиот локалитет Хераклеја

Јули 09, 2019

Преку проект од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ИПА 2  инфраструктурно ќе се уредува  пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а исто така  предвидени се зафати за подобрување на пристапот до амфитеатарот во Хераклеја.

Носител на проектот е Општина Битола,  а партнери се битолскиот Завод и Музеј и МКЦ од македонска страна, додека од страната на  Албанија, партенри се Општината Пустец и Директоратот за заштита на споменици од Корча.

Проектот SMART-CUL-TOUR има за цел поттикнување на турзимот, културното и природното наследсво. Буџетот е 704.590 евра, а Битола добива 260.000 евра од кој 80% се наменети за инфраструктурно уредување на пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја.

Предвидено е активностите да завршат во рок од 18 месеци по потпишување на договорот за финансирање, информираат од општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани