АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на координаторот на локалниот огранок во Битола Иванчо Тошевски и други панинари денес се искачија на врвот Антена на Пелистер. Ова беше дел од активностите за одбележување на 29-от роденден од основањето на ВМРО-ДПМНЕ Битола. Тие го посетија и споменикот Пирамида посветен на македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато од каде се протега прекрасна глетка кон Преспанското Езеро.
„Искачувањето беше по најживописната патека, по камењарот. Се исчакувавме 4,50 часа. Тргнавме од хотелот ‘Молика’ па се до врвот Пелистер, а сето ова по повод роденденот на ОК НА ВМРО“, рече Иванчо Тошевски, првиот човек на Општинскиот комитет на партијата во Битола.