АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Порта изработена во ФОД ДООЕЛ Новаци, АД ЕСМ го краси влезот на манастирскиот комплекс во „Св.Наум Охридски“ во Охрид.
-ФОД ДООЕЛ Новаци изработи и донира грандиозна црковна порта за манастирот „Св.Наум Охридски“ во Охрид. Портата е висока повеќе од 4,5 метри, тешка околу 1000 килограми која денес вработени на ФОД ја поставија на влезот на манастирскиот комплекс . На портата се работеше скоро еден месец, изјави за апла.мк Методија Тасевски , директор на ФОД ДООЕЛ Новаци.
Манастирот „Св. Наум Охридски“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Тој е туристичка атракција и во него доаѓаат сите туристи кои се во посета на Охрид или транзитираат кон Албанија.