2win800x200

Фолклористи од Мексико и Белгија со импресивен настап пред жителите на Општина Новаци

Јули 29, 2019

Во рамки на Културно-забавното Лето -Новаци 2019 во дворот на општината во Новаци се одржа 5-тиот културен настан “Разиграна општина Новаци”.

 

Несекојдневниот настан со импресивен и возбудлив настап на 5 фолклорни друштва и ансамбли од Пелагонија и две групи од Мексико и Белгија го привлече вниманието на многубројната публика.

Фолклорниот караван предводен од културно-уметнички друштва од Пелагонија и тоа КУД “Новаци “ од Новаци , КУД Илинден од Демир Хисар , КУД Илинден од Битола , КУД Мирче Ацев од Тополчани и Фолклорниот Ансамбл Гоце Делчев од Битола истовремено тргна и се играше во четири населени месна во општина Новаци и тоа во с.Далбеговци , с.Г.Агларци , с.Живојно , с.Гермијан .Граѓаните во овие села имаа можност да го проследат овој културен настан токму во своето место на живеење .Токму таа дисперзија на културните настани го прави побогато , подостапно и помногубројно Културното лето во општина Новаци .

КУД “Новаци” од Новаци како домаќини ја отворија фолклорната вечер со сплет карактеристичен за ова поднебје и регион , а редоследно зедоа учество и останатите фолклорни друштва . Со маестрална изведба , уникатни како и секогаш се претстави КУД Илинден од Битола оставајќи силен впечаток кај многубројната публика .

Имресии предизвика и настапот на Кралската уметничка група ALKUONE од Алст од Белгија која со креативен и експресивен танц со фрлање знамиња се претстави пред публиката .Станува збор за светски позната уметничка група која настапува на светски познати плоштади  ширум светот . Основана е 1957 година и денес брои повеќе од 150 членови со школа за танц за фрлање на знамиња .

Оваа група од самото основање до денес бележи врвни достигнувања ширум светот за што зборува и наградата “Кралска уметничка група ”доделена од кралот Алберт Втори во знак на признание за нивната 50-годишнина .

Со карактеристичен перформанс настапи и танцовата група од Монтереј од Мексико предизвикувајќи бурни овации кај публиката .

Амбиентот беше збогатен и со вкусната трпеза од здружението на жени “Силата на Бабата” од Новаци кои се познати во регионот по правењето на вкусна и традиционална храна обезбедувајќи за сите учесници закуска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани