АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општинската комунална инспекција излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето со валкани гуми, туку претходно да ги измие.
Инспекцијата го затекнaла операторот како веќе ги мие улиците во близина на градилиштето, но сепак фирмата ќе биде санкционирана.
Од Општина Битола информираат дека пред почетокот на секоја градежна сеозна испраќаат писмо до сите градежни компании и ги потсетуваат да го почитуваат Законот за градба
Жителите од „Областа“ претходно реагираа до Апла.мк, затоа што градежните работи во станбениот комплекс во близина, не само што создава неподнослива бучава и прашина, туку улиците каде што се движат камиоините излегувајќи од градилиште, се постојано во кал.