АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈКП Комуналец- Битола започна со менување на уличното осветлување во градот. Замената на светилките стартува од улицата „Васко Карнгелевски“ за која вечерва минувачите забележуваат дека се е осветлено како да е ден.
-По преземањето на одржувањето на осветлувањето од страна на ЈКП Комуналец, претпријатието започна со менување на постојните сијалици со нови ЛЕД ламби. Се започна од улицата „Васко Карангелевски“, а ќе се продолжи по улиците „Партизанска“, „Ремо“ и „Иван Милутиновиќ“. Планот е Битола во наредниот период да добие комплетно ново осветлување, но и Општината да плаќа пониска цена за уличното осветлување, вели за апла.мк Валентин Груевски претседател на Советот на Општина Битола .