АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ и Љупчо Кижевски, помошник-директорот за термоелектрани на директорот за производство, фотографирани при искачувањето на една од турбините во Паркот на ветерни електрани Богданци .
-Се искачивме на една од ветерните турбини во ВЕ Богданци. Столбот на ветерната турбина е висок 80 метри и на него се прикачени куќиштето и роторот со трите перки, со вкупна тежина од 140 тони. Глетката се простира до Солун, соседна Грција, напиша на Инстаграм Ковачевски, означувајќи хаштаг „На врвот“
За да може посетители да се искачат на ветерна турбина, се препорачува брзината на ветрот да биде помала од 17 m/s, поради големите вибрации на врвот на столбот. При брзини на ветрот над 25 m/s, качувањето на турбините е забрането поради безбедносни причини . Исто така поради безбедносни ризици, не се препорачува влез во турбина во периоди кога има појава на грмежи и молњи, информираат од Државните електрани.
Пред влез во ветерната турбина, таа мора да се исклучи од мрежа.Секоја турбина е опремена со лифт за двајца, кој се наоѓа во средината на столбот, а времето потребно за качување на лифтот од тлото до врвот на турбината изнесува околу 2 минути. Пред качување на турбината секое лице мора да помине куса, 30 минутна обука за движење и безбедност низ турбината.
Исто така, секој посетител мора да потпише безбедносен протокол со опис на неговата здраствена состојба и физичка кондиција. При посета на турбините посетителот мора да има придружба од најмалку две специјално обучени лица од производителот Siemens.
Куќиштето на турбината се отвора и при поволни временски услови глетката на хоризонтот може да се простира и до Солун, соседна Грција.