2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се работи на отворање на преминот Маркова нога

Септември 20, 2019

Во изградба е граничниот премин кај Маркова нога во Преспа. Обезбедени се 4,5 милиони евра за неговото отворање со цел да се подоби комуникацијата и економијата меѓу пограничните региони на нашата земја и Грција, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

 

„Исто така ЕУ ќе го обезебди и остатокот на средства, точниот износ сѐ уште не се знае, може ќе биди повеќе од 10 милиони евра, кои ќе се инвестираат исклучиво во Преспанскиот Регион за подобрување на условите инфраструктурни и други прокети што ќе ги предложиме од наша страна за да се подобрат условите за живот во Преспанскиот Регион. Кога конкретно ќе се имплементира немам точна информација“, рече министерот Милевски.

Фрејк Јанмат, раководител на Секор за прекугранична соработка во ЕУ исто така не можеше да прецизира кога ќе се подогне рампата на преминот Маркова нога-Герман која е спуштена 52 години. Но, рече дека тоа ќе завиди од соработката на двете страни.

„За граничниот премин Маркова нога важно е дека двете страни се согласија да го реконструираат по долго време. Тоа ќе има голема придобивка во туризмот и економијата. Важно е тоа што двете страни сега работат заедно за да ги обезбедат техничките услови, дизајнот и прогресот. Не е возможно, за жал, денес да се каже кога тоа ќе биде готово, секако дека зависи од прогресот, соработката помеѓу двете страни“, рече Јанмат.

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски изјави дека тој и неговиот колега од грчката страна инстираатда се забрзаат сите овие подготвителни работи и да се отвори преминот.

„Последните информации ми се дека се работи таму во последно време. Околу инфраструктурата, грчката страна за брзо време ќе биде подготвена за отворње. Но, останува оној административен дел кој треба да го договорат работните групи на министерствата на нашата држава и грчката влада околу начинот на работа“, рече Гошаревски.

Инаку Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финснсирање на проекти за прекугранична соработка на општините од двете страни на градницата, нво секторот и граѓаните. Општина Битола од ЕУ фондовите за прекугранична соработака има добиено прокети за поголема енергетска ефикасност на Спортската сала, опрема на кино Манаки и возила на електричен погон.

На прославата присуствуваше и новиот грчки конзул во Битола, Ахилес Ракинас, на кого ова му беше прв работен ден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани